Главниот инженер на новиот Lexus ES отворено ја критикуваше глобалната доминација на SUV моделите, оценувајќи дека седаните сè уште имаат важна улога во автомобилската индустрија и нудат подобро возачко искуство.
Во интервју за јапонски медиуми, инженерот изјавил дека трендот на масовна популарност на SUV возилата не значи дека класичните лимузини ја изгубиле својата вредност. Според него, седаните имаат подобра аеродинамика, пониска потрошувачка и порафинирано управување.
Тој посебно го истакнал новиот Lexus ES како пример дека луксузниот седан и понатаму може да биде удобен, тивок и технолошки напреден автомобил без потреба од SUV форма.
Новиот ES ќе биде достапен со хибридни и целосно електрични погонски опции, а Lexus сака да го позиционира како поелегантна и поефикасна алтернатива на премиум SUV моделите.
Инженерот предупредил и дека многу SUV модели стануваат преголеми и потешки, што негативно влијае врз динамиката на возење и ефикасноста. Според него, седаните природно имаат понизок центар на гравитација и подобра стабилност на пат.
Иако SUV сегментот и понатаму доминира на глобалниот пазар, дел од производителите во последно време повторно инвестираат во развој на седани, особено електрични модели со подобра аеродинамика и подолга автономија