Great Wall подготвува луксузна лимузина

Кинескиот производител на автомобили Great Wall Motor веќе неколку години се обидува да лансира нов луксузен бренд, а новите вести велат дека тоа ќе биде под брендот ZX…

Првиот модел треба да биде луксузен седан со впечатлива појава долга 5,5 метри. Кинеските медиуми објавија и скица на дебитантскиот модел на новата марка, со кодно име ZX (комерцијалното име веројатно ќе биде различно), кој ќе произведува престижни патнички модели во брзо растечкиот сегмент NEV на кинескиот пазар (NEV за електрични возила , plug-in хибриди и возила на водород).

Дебитантскиот модел на марката ZX би требало да наликува на Cadillac CT6 и Rolls-Royce Ghost, а засега нема технички спецификации.

 





НАЈНОВИ