Maserati Grecale Modena Sport

Maserati Grecale доби специјално и ограничено издание на Modena Sport, базирано на верзијата Grecale Modena, со префинет стил и побогата опрема…

Промените вклучуваат црна завршница на предниот сплитер, страничните прагови, отворите на предните калници, прозорските рамки и значките. На купувачите ќе им биде понудена и палета со четири бои за каросеријата, црвени клешти на сопирачките, панорамски покрив и стандардни тркала од 21 инчи во црна боја.

Внатрешноста е достапна со црна или црвена кожа на седиштата, контролната табла и облогите на вратите, како и црни акценти со висок сјај. Моторот е придвижуван од четирицилиндричен турбо бензински мотор со 48V благ (mild) хибриден систем. Има 328 КС, а автомобилот до 100 km/h забрзува за 5,3 секунди.

Има и осум (8) -степен автоматски менувач на брзини и погон на сите четири тркала. Цената допрва треба да се објави, а испораките ќе започнат во следните неколку месеци





НАЈНОВИ