Колку се зголемува трагата на сопирање во зимски услови

На што треба да внимаваат возачите кога возат на коловози прекриени со снег и со мраз?!..

Во зима, возачите често се соочуваат со патишта покриени со снег или лизгави површини прекриени со слој на мраз, што значително го зголемува растојанието за сопирање.

За ова може значително да придонесат и истрошените гуми или истрошените дискови на сопирачките.

Затоа, возачите треба да бидат повнимателни и соодветно да ја прилагодат својата брзина.

Едно од главните правила, особено во зима, е да држите доволно растојание од возилото пред вас.

На пат покриен со снег, растојанието за сопирање се зголемува за околу четири пати, односно на околу 100 метри, под претпоставка дека растојанието за сопирање на сув пат е 25 метри (при брзина од 50 км/ч).

 

На замрзнат пат, растојанието за сопирање повторно драстично се зголемува, при претпоставена брзина од 50 km/h односно до  дури 265 метри.

Како по правило, возачите во такви зимски услови можат да се сетат на следново: на снежен пат, растојанието за сопирање е четири пати подолго отколку на сув пат.

Во случај на замрзнат пат е растојанието на запирање уште уште подолго, што значи и дека е многу полошо одошто на сув пат.

Поради сето горе наведено, возачите треба да бидат внимателни, особено во зима, на мостовите, падините, подвозниците и шумските премини, односно осојни места. каде сонцето потешко или воопшто не допира, каде коловозите често се замрзнати подолго време.

 





НАЈНОВИ