Пазарот на автомобили е суров: новитети се лансираат од недела во недела, автомобилите се развиваат и менуваат, оние кои почиваат на „старата слава“ многу брзо ќе заостанат па дури и ќе исчезнат од автомобилската сдена…
Успехот на одреден модел често не е ни прашање на карактеристиките на тој автомобил: понекогаш модел на кој малку луѓе му дале шанса успева, а навистина одличен модел пропаѓа.
Тоа е тој X фактор што го има секој успешен автомобил, а тоа е невозможно да се дефинира, пренесуваат светските информативни портали.
Сепак, некои модели навистина го имаа тој фактор и благодарение на тоа се на пазарот – се разбира, во различни генерации – со децении, а нивната продажба се брои во милиони примероци.
Во следните редови ви ја претставуваме листата на Топ 15 најпродавани модели на сите времиња:
- Peugeot 206, 1998-2023: 10 милиони +
- MINI, 1959-денес: 10 милиони +
- Oldsmobile Cutlass, 1961-1999: 11,9 милиони
- Hyundai Elantra 1990-сега: 14,5 милиони +
- Mercedes-Benz E-Class, 1953-денес: 15 милиони +
- Renault Clio 1991-сега: 16,1 милиони +
- BMW Series 3 1975-сега: 16,5 милиони +
- Chevrolet Impala 1957-2020: 16,8 милиони
- Lada Riva 1980-2015: 18 милиони
- Nissan – Sunny (Almera, Pulsar, Senta), 1966-сега: 20 милиони +
- Opel Corsa, 1982-сега: 20 милиони +
- Honda Civic 1972-сега: 28 милиони +
- Volkswagen Golf 1974-денес: 36 милиони +
- Ford F-Series, 1948-денес: 43 милиони +
- Toyota Corolla, 1966-денес: 51 милиони +