Почетна Актуелно Крај за Мерце...

Крај за Мерцедес EQE, S63 и Maybach EQS SUV од 2027 година

10

Mercedes-Benz спроведува значајно реструктуирање на својата понуда на модели. Германскиот производител планира да ја намали гамата, а резовите најмногу ќе ги погодат електричните возила.

За моделската 2027 година најавено е укинување на најмалку три модели: лимузината EQE во стандардна и AMG изведба, моделoт Mercedes-AMG S63 E Performance, како и SUV-от Mercedes-Maybach EQS 680. Портпаролот на компанијата ја потврди таа информација и објасни дека целта е електричните модели да се приближат до оние со класичен погон, а 2027 година претставува клучен чекор во таа стратегија.

Крај за лимузината EQE

Mercedes-Benz EQE лимузината, како и нејзината спортска верзија Mercedes-AMG, се повлекува од понудата за моделската 2027 година. Ова е крај на нејзиниот релативно краток пазарен век.

Моделот EQE беше лансиран како целосно електрична алтернатива на Е-класата, но со постоечкиот електричен CLA и најавениот доаѓање на новата електрична C-класа, EQE како посебен модел повеќе нема комерцијална смисла.

Се гаси и AMG S 63 E Performance

Од списокот за 2027 година е отпишан и Mercedes-AMG S63 E Performance. Актуелниот S63 го покренува комбинација од 4,0-литарски V8 мотор со два турбополначи и plug-in хибриден систем, која развива вкупно 791 коњска сила и 1430 Nm вртежен момент.

Со неговото укинување ќе настаane празнина во врвот на спортската понуда на S-класата, но можно е ознаката S63 да се врати со некој друг погонски склоп бидејќи Mercedes продолжува да инвестира во развојот на мотори со внатрешно согорување за AMG моделите.

Се повлекува и електричниот SUV на Maybach

Производството на SUV моделот Mercedes-Maybach EQS 680 исто така престанува со моделската 2027 година. Станува збор за најскапиот и најлуксузниот електричен автомобил во понудата на Mercedes.

Неговото гаснење не значи дека во иднина нема да има нов електричен Maybach, но веројатно повеќе нема да се работи за самостоен EQ модел, бидејќи сите овие резови се дел од стратегијата за подобра интеграција на батерискиот погон во главната гама на возила.