Почетна Актуелно Кога чкрипење...

Кога чкрипењето на сопирачките е нормално, а кога е време за сервис?

10

Чкрипењето на сопирачките често знае да биде непријатно, но тоа не секогаш значи дека постои дефект. До вибрации во чјното подрачје доаѓа кога плочките ги притискаат дисковите, а причините можат да бидат различни.

Кога чкрипењето НЕ Е причина за грижа?

  • Кратки звуци: Ако се јавуваат повремено, а автомобилот кочи нормално како и обично.

  • Влага и рѓа: По дождот, миењето на автомобилот или подолго стоење, на дисковите се создава тенок слој рѓа што плочките го отстрануваат во текот на првите неколку сопирања.

  • Нови сопирачки: На новите плочки и дискови им е потребно време за да „лежат“ (во текот на првите неколку стотина километри).

  • Електрични автомобили: Кај електричните возила механичките сопирачки поретко се користат поради регенеративното сопирање, па побрзо се насобираат рѓа и наслаги што создаваат звуци.

Кога МОРАТЕ право кај мајстор?

  • Стружење или брусење на метал: Знак дека плочките се целосно истрошени и дека металот струже директно во дискот, со што се ризикува оштетување на системот.

  • Вибрации и тресење: Укажува на рамномерно или нерамномерно истрошени, односно оштетени дискови.

  • Занесување на возилото: Ако автомобилот при сопирање забележливо влече на една страна.

  • Намалена моќност на сопирање: Секаква ненадејна промена на педалата за сопирање бара итен преглед од стручњак.