Li Auto L6

Најновиот модел во гамата на кинескиот бренд Li Auto е crossover моделот Li L6 за превоз на пет патници, кој на пазарот ќе се појави во април тековната 2024 година…

Неговата должина е 4925 mm, ширина 1960 mm, висина 1735 mm и растојание помеѓу оските од 2920 mm.

Тежината на возилото е 2330 кг, додека тркалата се со големини од 20 и од 21 инчи.

Погонскиот систем на Li L6 претставува  комбинација од 1,5-литарски турбо бензински мотор со моќ од 154 КС (служи само како генератор) и два електромотори со комбинирана моќ од 330 kW/449 КС.

Се очекува Li L6 да чини помалку од 300.000 кинески јуани (односно преведено во европска валута околу 38.655 евра) на пазарот во Кина.

 





НАЈНОВИ