Mazda 6 се укинува во Јапонија, а не се планира замена

Mazda одлучи да ја укине „шестката“ и во Јапонија, каде производството треба да заврши кон средината на април тековната 2024 година…

Бидејќи постои од 2012 година, сегашната генерација е дотерана и подобрена со текот на годините. Нејзиовото пензионирање на јапонскиот пазар следи по пензионирањето на автомобилот во САД и Велика Британија во 2021 и 2023 година, соодветно.

Како што известува колегите од специјализираниот портал Motor1, подеднакво е разочарувачки она што Mazda планира да го направи за да ја пополни празнината што ја остави пропаѓањето на Model 6 – што всушност е ништо. Да добро прочитавте во Mazda нама да понудат наследник на овој модел.

Па така, во краткото соопштение за медиумите кое зборува за прекин на производството на моделот во Јапонија се вели дека улогата ќе ја преземе линијата на crossover модели со ознака CX.

Треба да се напомене дека Mazda 6 сè уште не е мртва, бидејќи автомобилот останува во производство во фабрики надвор од Јапонија.

Меѓутоа, со завршувањето на производството во Земјата на изгрејсонцето, ова значи дека возилото најверојатно ќе биде повлечено од многу меѓународни пазари кои ја добиваа верзијата произведена во Јапонија.

Претходна
Следна




НАЈНОВИ