Модифициран McLaren 720S Spider

McLaren 720S Spider се покажа популарен со текот на годините, а некои сопственици решија да ги модифицираат своите примероци за да ги направат уште повеќе посебни и уште повеќе впечатливи…

Еден 720S Spider особено се издвојува благодарение на бојата и бандажите. Станува збор за бандажи произведени од компанијата Strasse, а комплетот се вика SV4 Deep Concave FS.

Предните димензии на тркалата се 19х9,  а на задните 20х12 инчи, централниот дел е црн, додека контрастот го создаваат портокаловите клешти на сопирачките.

Во централниот дел има корици со логото на Strasse во жолта боја.

Каросеријата на супер автомобилот е обоена во париско сино, што навистина ги истакнува прекрасните линии на овој McLaren.

Да потсетиме дека минатата година McLaren го претстави наследникот на 720S во форма на новиот 750S.

Иако автомобилот изгледа речиси идентично, тој претрпе бројни промени поврзани со суспензијата и управувањето, додека моќноста на 4.0-литарскиот твин-турбо V8 мотор е зголемена на 740 КС и 800 Nm вртежен момент.





НАЈНОВИ