Mansory Rolls-Royce Cullinan Linea d’Oro и Cullinan Linea D’Arabo

Mansory продолжува да го модифицира Rolls-Royce Cullinan, па подготви две нови ексклузивни верзии за клиентите во Дубаи…

Новите верзии се наречени Cullinan Linea d’Oro и Cullinan Linea D’Arabo, и секоја од нив е уникатна.

И тука имаме нов аеро боди кит (преден спојлер, комплет прагови, заден дифузор…), нови тркала од 24 инчи, нов издувен систем, изменета суспензија и уште полуксузен ентериер (Cullinan Linea d’Oro користи црна кожа, јаглеродни влакна и злато, додека во Cullinan Linea D’Arabo златото се заменува со бакар).

Под хаубата на двете верзии се наоѓа 6,75-литарски битурбо V12 мотор, засилен до 610 КС и 950 Nm максимален вртежен момент.

Забрзувањето до 100 km/h беше намалено на 5,0 секунди, а максималната брзина се зголеми на 280 km/h.





НАЈНОВИ