Мате Римац ја презеде неговата Nevera

Мате Римац, основач на Rimac Automobile и актуелен извршен директор на Bugatti Rimac, неодамна конечно си ја испорача својата Nevera…

Овој момент Rimac го сподели со своите следбеници на социјалните мрежи, откривајќи ги спецификациите на својот хипер автомобил преку серија фотографии направени во фабриката.

Мате се одлучи за темноцрвена надворешност, во комбинација со необоени елементи од јаглеродни влакна, и со вклучување на хрватското знаме на ретровизорите, му оддава почит на потеклото на хипер автомобилот.

Внатрешноста е мешавина од црна и црвена Алкантара, комплетирана со црвени шевови и акценти.

Возачкото седиште е црно, додека совозачкото е црвено, со амблеми „М8“ и „К8“ на потпирачите за глава, кои ги претставуваат иницијалите „Мате“ и „Катарина“ (неговата сопруга).

Електричните мотори обично имаат комбинирана моќност од 1408 kW/1914 КС, додека батеријата од 120 kWh е доволна за возење од 490 km.

Производството на Nevera е ограничено на 150 единици, со почетна цена од околу 2,5 милиони долари.

 





НАЈНОВИ