Mercedes Vision EQXX повторно ја покажа својата ефикасност

Mercedes уште еднаш го испрати својот електричен концепт автомобил Vision EQXX на возење на долги релации за да ја тестира неговата ефикасност…

Овој пат тестот беше спроведен на Арапскиот Полуостров, при што EQXX помина 1.010 километри од центарот на Mercedes-Benz во Ријад, Саудиска Арабија, до центарот на Mercedes-Benz во Дубаи, ОАЕ (Обединети Арапски Емирати), за вкупно 14 часа и 42 минути.

И покрај температурите кои достигнаа 34 степени Целзиусови, овој електричен автомобил беше поефикасен од порано, користејќи само 7,4 kWh енергија на 100 km. Тоа е помалку од 8,3 kWh/100 km што претходно ги користеше на своето најдолго возење, од Германија до Англија.

Ова значеше дека батеријата на Vision EQXX од 100 kWh сè уште имала 309 km досег до моментот кога стигнала до својата дестинација.

Доколку условите беа стабилни, автомобилот можеше да помине скоро 1.319 километри вкупно.

Возилото било опремено и со 117 соларни ќелии. На ова возење тие собраа вкупно 1,8 kWh енергија, зголемувајќи го досегот за 24 km.

Mercedes вели дека работи на воведување на оваа функција во своите сериски автомобили.

Тестот исто така помогна да се докаже корисноста на интелигентниот систем за помош при возење. Системот им нуди на возачите предлози како да возат поефикасно. Во овој случај, мораше да се земат предвид нештата како вкрстен ветер што доаѓа од брегот за да им се помогне на возачите да извлечат максимум од батеријата. Кога ќе застане, системот исто така им помогна да го најдат најдоброто место за паркирање што ќе го максимизира соларното полнење врз основа на аголот на сонцето.

„Vision EQXX продолжува да обезбедува вредни податоци за тековниот развој на напредни технологии за електрична ефикасност“, рекол Маркус Шафер (Markus Schäfer), главен директор за технологија на Mercedes.

„Како што се очекуваше, сите системи работеа совршено во пустински услови, справувајќи се со предизвици како што се површината на патот и температурата, како и прашината со леснотија. Уште еден доказ дека електричниот погон е подготвен за светските пазари.





НАЈНОВИ