Mazda CX-70 најавена за 30 јануари

Иако при минатогодишната промоција на моделот CX-90 се зборуваше дека Mazda ќе претстави уште еден нов SUV (наречен CX-70) во Америка во 2023 година, но тоа не се случи…

Сепак, сега доаѓа официјалната потврда дека CX-70 ќе ја има својата премиера на 30 јануари годинава. Mazda CX-70 ќе ја користи платформата на CX-90, но CX-70 ќе нуди два реда седишта. Засега не е познато како ќе изгледа CX-70, но се очекува и овој модел да добие слични стилски мотиви како поновите SUV модели на оваа марка.

Mazda веројатно ќе користи благ хибриден 3,3-литарски со шест цилиндри мотор (со 284 КС или 340 КС) за CX-70, како и plug-in хибриден погонски систем со 2,5-литарски со четири цилиндри бензински мотор и вкупна моќ од 327 КС.

Сите три верзии на CX-70 стандардно ќе бидат опремени со погон на четири тркала.





НАЈНОВИ