Мазда подготвува нов целосно електричен crossover кој на пазарот треба да пристигне во 2027 година, а првите информации веќе привлекуваат големо внимание. Тест-прототипи на моделот неодамна се забележани на улиците во Калифорнија, што потврдува дека развојот е во завршна фаза и дека Мазда сериозно го забрзува својот премин кон електричната мобилност.
Новиот crossover ќе биде сличен по димензии со CX-50, но ќе користи целосно нова електрична платформа, која Mazda ја развива специјално за идната генерација EV-модели. Ова е значаен чекор напред за брендот, особено по неуспехот на MX-30, чиј ограничен домет не успеа да го задоволи пазарот.
Јапонскиот производител најавува дека новата електрична архитектура ќе понуди значително подобри перформанси, поголем досег и понапредна технологија, со што Mazda ќе може да конкурира во растечкиот сегмент на средни електрични SUV-возила.
Со овој модел, чија премиера се очекува за две години, Mazda планира да ја зацврсти својата позиција на EV-пазарот и да одговори на глобалниот притисок за забрзана електрификација во автомобилската индустрија.