Mercedes ги продава сите авто -салони во Германија

Каква ќе биде судбината на 8.000 работници во овие изложбено – продажно – сервисни објекти на премиум марката со сребрена ѕвезда со три крака во логото…

Mercedes – Benz ланира да ги продаде сите свои салони за автомобили во Германија, пренесува Ројтерс, додавајќи дека производителот сега сака да започне разговори со можни нови дилерски групи. „ Mercedes – Benz е отворен за продажба на застапниците и сервисните центри што ги поседува во Германија“, наведува овој производител на автомобили, а пренесуваат светските информативни агенции.

„По многу позитивни искуства на различни европски пазари, сега исто така испитуваме како можеме по – независно да ги формираме нашите малопродажни филијали во сопственост на Групацијата во Германија“, се вели во писмената изјава на производителот на автомобили.

„Се проценуваат потенцијалните продажби на искусни и реномирани трговски групи како во некои други земји“, се додава во истото. Според германскиот дневен весник Handelsblatt, кој прв го извести ова прашање, сега се очекува надзорниот одбор на Mercedes-Benz да ги одобри плановите. „Секоја филијала ќе се испитува поединечно“, се вели во соопштението на Mercedes-Benz, отфрлајќи ја можноста за затворање на филијали бидејќи тие не биле предмет на ревизија.

Тоа би се однесувало на 20 филијали со 80 продажни места и 8.000 вработени, пренесува Handelsblatt, проценувајќи дека секоја експозитура вреди до 40 милиони евра. Потенцијалните купувачи мора, меѓу другото, да понудат „експертиза за малопродажба на автомобили“ и да се држат до гаранциите за работа во Германија, рече производителот на автомобили.

Одлуката се однесува на сите 80 застапници, „без разлика дали се наоѓаат во рурални или урбани региони“, изјави портпаролот на Mercedes – Benz за германските медиуми. Ова значи: Филијалата во седиштето на компанијата во Штутгарт е исто така достапна за преземање.

Во исто време, компанијата јасно става до знаење дека ниту една филијала нема да биде затворена, дека групацијата не е во финансиски тешкотии и дека нема да има масовни отпуштања, бидејќи целта е да се задржат работните места во Германија. Сепак, можно е работниците да заработуваат помалку по преземањето. Тие би можеле да добијат и делумна отпремнина. За Mercedes – Benz тоа би значело трајно намалување на трошоците за персоналот.

Работничкиот совет ги критикуваше плановите за продажба, наведувајќи дека тоа е „шлаканица“ за работниците. „По долгогодишно откажување и придружните бројни отстапки од страна на работниците, филијалите се профитабилни и придонесуваат за резултатите на групата“, рече шефот на работничкиот совет, пишува Fenix Magazin. Плановите не се ниту прифатливи, ниту разбирливи, се наведува во тоа списание.

 





НАЈНОВИ