Редизајниран Aston Martin Vantage на 12 февруари

Aston Martin наскоро ќе го претстави редизајнираниот Vantage, а најновата најава вели дека автомобилот ќе дебитира наредниот месец, поточно на 12 февруари…

Компанијата засега ги чува деталите во тајност, но тие започнаа тизер кампања која сугерира дека автомобилот е „изработен за вистински возачи“.

„Штом ќе седнете на возачкото место, мора да го разберете вашиот автомобил. Токму таа врска ви овозможува да ја достигнете границата. Вие веќе не сте две посебни работи. И двајцата одговарате еден на друг и зборувате на истиот јазик“, се вели во соопштението.

Vantage ќе биде достапен како coupе и roadster, а ќе се одликува со дизајнот со потпис на компанијата.

Пред сè, редизајнираниот Vantage ќе добие повеќе традиционална естетика благодарение на ревидираната предна табла која е опкружена со поголеми фарови. Ним ќе им се придружи нова хауба и заоблен преден браник.

Внатрешноста треба да биде инспирирана од онаа од моделот DB12, што значи дека кабината ќе биде модернизирана со поголем информативно забавен систем.

Актуелниот модел има 4,0-литарски twin – -турбо V8 мотор со моќност од 375 kW/510 КС и 685 Nm максимален вртежен момент (coupе верзијата достигнува 100 km/h за 3,6 секунди и може да достигне максимални 314 km/h), но во новата верзија , веројатно можеме да очекуваме уште поголема моќност и подобрени перформанси.





НАЈНОВИ