Можен е и Audi Q9

Audi навести дека германската компанија можеби работи на нов поголем SUV наречен Q9…

За ваков модел се шпекулира повеќе од десет години, но сега навистина можеше да „го види светлото на денот“. Директорот на Audi Australia, Џеф Манеринг (Jeff Mannering), ги потврди плановите за неколку нови модели кои ќе пристигнат во следните две години. Кога го прашале за потенцијален нов модел Q9, тој се согласил дека има простор за поголем теренец, кој би им конкурирал на BMW X7 и Mercedes-Benz GLS.

„Да, секако. Ако го погледнете нашиот волумен во споредба со другите брендови, ќе видите дека не сме во некои сегменти за разлика од нив“, рече Манеринг. Тој додаде дека верува дека има големи шанси таков модел да се нуди на глобално ниво, бидејќи челниците на Audi гледаат и на други сегменти и на тоа што е успешно на некои други поголеми пазари.

Тој исто така се согласи дека името Q9 звучи добро, но прашањето беше каква форма ќе прифати. Ако се појави, треба да го претставува врвот на опсегот. Q7 нуди три реда седишта, но сепак не може да им парира на GLS и X7 кога станува збор за луксуз.

Таканаречениот Q9 би бил значително поголем, додека фокусот би бил ставен на удобноста и луксузот за патниците. Постојат гласини за три реда седишта и многу простор за нозете и главата, особено во споредба со гореспоменатиот Q7 (на сликата). Веќе е познато дека Porsche работи на поголем теренец кој ќе биде позициониран над Cayenne. Се развива под кодното име K1 и е луксузно електрично возило со три реда седишта и 1.000 КС.

Со оглед на тоа што Audi и Porsche, кои се дел од Volkswagen Group, досега соработуваа неколку пати, сосема е можно Audi Q9 да се базира на истата платформа како Porsche K1. Електричните Macan и Q6 e-tron се базираат на платформата PPE, развиена заеднички од Porsche и Audi. Дали Q9 ќе пристигне како електрично возило, SUV со мотор со внатрешно согорување или и двата, останува да видиме.

Audi има намера да произведува исклучиво електрични возила од 2026 година, што значи дека има големи шанси тие да имаат електричен погон. Во тој случај негови ривали би биле Mercedes EQS SUV, Rivian R1S, Tesla Model X и Cadillac Escalade IQ. Ако има SUS погон, што е исто така возможно, VW Group има голем број мотори што може да ги позајми. Овие опции вклучуваат V6 дизел и бензински мотори за основните модели, како и твин-турбо V8 мотори за потенцијалните S и RS верзии.

 





НАЈНОВИ