Со ново видео, Honda го најавува CR-V FCEV со погон на водород, кој треба да се појави подоцна оваа 2024 година….
CR-V FCEV ќе комбинира батерии и систем за погон на водородни горивни ќелии. Присуството на батерии значи дека теренецот може да се полни како обично ЕV кога нема водородна станица во близина.
Honda допрва треба да го објави капацитетот на батеријата или големината на резервоарот за водород, па опсегот на возење на овој модел засега е непознат.
Новиот погон е развиен во соработка со автомобилскиот гигант од САД – eral Motors.
CR-V FCEV има редизајниран преден дел со потенка решетка и поголеми отвори за браниците што го разликуваат од стандардниот CR-V со погон на бензин.
Други промени вклучуваат додавање на порта за полнење на предниот браник и различна графика на задните светла.
И во тој контекст и информацијата дека Honda CR-V FCEV ќе се произведува во Охајо (САД), а освен во Северна Америка, SUV моделот ќе се нуди и на јапонскиот пазар.