Радарот регистрирал брзина од 696 km/h.!

На полицијата тоа некако не им било сомнително иако за секого кој има врска со реалноста ова е неверојатно и невозможно …

Понекогаш навистина треба да се запрашаме во каков свет живееме, или подобро со какви луѓе живееме. Имено – како што пишува Auto Zeitung – автоматизиран радар на камера инсталиран во белгиската провинција Квеврен фотографирал автомобил кој наводно се движел со брзина од неверојатни 696 km/h. Подобро речено што „летал’ со таква брзина. Познат е дури и типот на автомобилот што наводно ја постигнал таа брзина, а тоа е Opel Astra.

Откако на прекршителот му се „прости“ вообичаената толеранција која важи во Белгија, крајната брзина била 654 км/ч, односно Astra поминала дури 193 метри за една секунда. И тоа во зона каде што ограничувањето на брзината е 50 km/h, пренесуваат светските новински агенции.

Но, на полицијата воопшто не и била сомнителна оваа информација односно неверојатен факт, па на сопственикот на оваа Opel Astra – очигледно најбрзиот автомобил во историјата на Опел, ладнокрвно му испратила казна од 6.597 евра.

Не е познато дали возачот се жалел на оваа казна, но нема да бидеме изненадени доколку долгата рака на правдата пресуди дека машината не може да згреши и дека возачот на Opel Astra веројатно успеал да ја достигне таа брзина.

 





НАЈНОВИ