Најпродаваниот кинески автомобил ја напушта Европа

Kaко што сега стојат работите ова претставува збогум сегашна МG ZS…

Деновите на МG ZS се избројани. Овој вистински бестселер, инаку најпродаваниот кинески автомобил во Европа, наскоро повеќе нема да биде достапен на Стариот континент и покрај тоа што зазема високи позиции на продажната скала на важните европски пазари.

Моделот со ривали како Dacia Duster или Suzuki Vitara беше најпродаваниот автомобил во Шпанија во декември 2023 година, но сега се подготвува за заминување. MG веќе ги става завршните точки на збогувањето со својот достапен SUV, и покрај повеќе од 54.000 испораки за шест месеци, пишуваат светските информативни агенции.

За кратко време ЗС постигна извонредни резултати. На одредени пазари во Европа имаше месеци од годината кога беше на самиот врв. Како да не биде кога на одредени маркети се продаваше по цена под 15.000 евра. Таа цена се покажа како непобедлива за конкуренцијата. Сепак, неговиот комерцијален настап дојде до крајот.

2024 година се покажа како клучна година за МG во Европа. Оваа некогашна британска фирма, сега под сопственички покрив на кинескиот гигант SAIC повеќе од една деценија, оди напред со својата амбициозна производствена офанзива. Пристигнувањето на сцената на новите MG3 Hybrid+ и MG HS 2025 се совршен пример за промените што се случуваат во гамата на MG, на кои ниту ZS не е имун.

Тоа што актуелниот МG ZS наскоро ќе се исклучи не значи дека МG се откажува од продолжувањето на борбата во овој сегмент. Напротив, MG работи со полн капацитет на својот наследник, со кој ќе продолжи да се натпреварува на европскиот пазар на достапни автомобили.

MG одамна се впушти во тешката задача да развие нова генерација на ZS. Проектот е во тек, како што покажуваат неодамна објавените шпионски фотографии. Тоа ќе биде целосно ново возило и иако не е сосема јасно дали ќе биде задржано комерцијалното име ZS, сосема е можно MG да одлучи да продолжи со ова име, бидејќи стекна значајна репутација, особено во јужна Европа.

Останува да се види дали новиот 2025 MG ZS сè уште ќе биде достапен со конвенционални бензински мотори. Сепак, можеме да претпоставиме дека гамата сигурно ќе вклучува погонска единица со Hybrid+ технологија, која неодамна беше лансирана со новиот MG3. Дополнително, во понудата ќе остане и стопроцентната електрична варијанта, иако на повеќето пазари овој модел беше поатрактивен како бензинец.

Ако се оди според планот, новиот ZS (ако остане тоа име) ќе дебитира на крајот на оваа 2024 година. Тоа значи дека втората генерација ќе пристигне во европските салони во првата половина на наредната 2025 година.

 





НАЈНОВИ