Наскоро обновена Škoda Octavia

Во ноември 2019 година во Прага се одржа промоцијата на четвртата генерација на Škoda Octavia (кога се славеше и 60-годишнината од појавувањето на првата Octavia)…

A, веќе следниот месец од оваа 2024 година ќе помине низ фејслифтинг што ќе и помогне да ја задржи својата позиција до појавата на сосема нова генерација на моделот. Засега како најава служи само една затемнета „тизер“ слика од предниот дел на моделот.

Сепак, претходните шпионски фотографии откриваат дека Octavia ќе добие дотерани предни и задни светла, ревидирани браници и модернизирана предна табла.

Сето ова со нов дизајн на тркала, поширока палета на бои и подобрен ентериер со дигитална табла со инструменти и поголем информативно забавен екран.

Во моментов нема информации за промени во опсегот на погонот. Бидејќи ова е сепак освежување, а не нова генерација, не се очекуваат значителни промени во понудата.

Овде потсетуваме дека lift back каросериската верзија на популарната Octavia е долг 4689 mm и широк 1829 mm, додека пак растојание помеѓу оските е 2686 mm.

Волуменот на багажникот во стандардната конфигурација е 600 литри (640 литри попратикчната, но не и помалку атрактивната караван верзија на моделот од Чешка).

 





НАЈНОВИ