Nissan го прославува 55-тиот роденден на спортското купе Z во САД со специјалното издание Heritage…
Накратко, Z Heritage Edition доаѓа со нов преден браник и дводелна решетка, привлечна New Sight Orange боја, црна графика за хаубата, покривот и страните, специјални значки Heritage Edition, како и црни 19-инчни тркала. и проширувања на калниците во боја на возилото.
Под хаубата се наоѓа twinн-турбо бензински мотор со работен волумен од 3.0-литрси. Во конфигурација со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква V што испорачува моќност од 400 КС и 475 Nm максимален вртежен момент.
Погонската единица доаѓа во комбинација со шест ( 6) брзински мануелен или девет (9) -брзински автоматски менувач и погон на задните тркала.
Има и диференцијал со ограничено лизгање и Nissan Performance сопирачки со црвени клешти.
Производството на Nissan Z Heritage Edition ќе биде ограничено, но не е објавено колку примероци се планирани.
Ќе се најде во продажните салони во наредните недели, со почетна цена од 59.135 американски долари, односно пресметано во европска валута од 55.105 евра.