Нов Rezvani Beast

Американски Rezvani го претставува новиот Beast, опишан како лесен спортски автомобил со каросерија од јаглеродни влакна, „егзотични врати“ и средно монтиран мотор…

Станува збор за 6,2-литарскиот V8 агрегат на Chevrolet, кој овде со помош на два турбо полначи развива 1014 КС и 1190 Nm, а е поврзан со осум (8)-брзински DCT менувач.

Забрзувањето од 0 до 60 милји на час ќе трае 2,5 секунди, а четвртина милја (402 метри) ќе се помине за 9,6 секунди.

Rezvani Beast е долг 4681 mm, широк 2034 mm, растојание помеѓу оските од 2725 mm, тркала од 20 и 21 инчи (гуми Michelin Pilot Sport Cup 2, предни R275/30/20 и задни 355/25/21).

Опционалниот пакет „007“ од 45.000 долари вклучува гас-маски, термално ноќно гледање, електромагнетна пулсна заштита, електрифицирани рачки на вратите, бибер спреј, сирени, прва помош, комплет за хипотермија…

Има и опционален систем за откривање на експлозивни направи, но цената за тоа не е прецизирана.

Автомобилот може да биде и блиндиран, што чини дополнителни 55.000 долари.

Rezvani  бара 485.000 долари за стандардниот Beast, без наведени опции. Сепак, планирана е серија од само 20 примероци.





НАЈНОВИ