Нов Volkswagen Passat седан (за Кина)

За разлика од Европа, каде што е достапен само како караван, новиот Volkswagen Passat во Кина ќе биде достапен како класичен седан со четири врати, како што потврдуваат овие слики…

Во Кина ќе се вика Passat Pro, додека официјалната премиера се очекува на претстојниот саем за автомобили во Пекинг.


Засега нема многу детали, но се наведува дека новиот Passat Pro е само малку пократок од пет метри, а меѓуоскиното растојание е 2871 mm.
За внатрешноста, според најавите, предвидена е дигитална инструмент табла и нов мултимедијален систем, поголем од претходникот.


Новиот Passat Pro (барем на почетокот) ќе има само еден мотор, 2.0 TSI бензински турбо четирицилиндарец со 220 КС. Подоцна се очекува и хибридна верзија.
Како и досега, новиот модел ќе се произведува во Кина од заедничкото вложување SAIC-Шангаj





НАЈНОВИ