Вeрувале или не: Гумите за ова уникатно Lamborghini чинат 50.000 евра

Семејството на султанот од Брунеи потрошило милијарди долари на илјадници автомобили, од кои многу се единствени, во нивната опсесија со автомобили…

Преференциите за автомобили на султанот им се добро познати на повеќето. Покрај премиум автомобилите од стандардната понуда, султанот често нарачувал и уникатни, особено каравани.

Така тој имал караван Bentley во crossover издание уште пред да се создаде Bentayga, а на листата се најдоа и каравани од Mercedes S класата, Ferrari 456 и уште многу уникатни креации.

Меѓу нив имаше навистина посебно Lamborghini. Како да не беше доволен LM002, попознат како Рамбо Ламбо (Rambo Lambo), султанот сакаше продолжена караван верзија. Lamborghini не одобри ваква верзија со седум седишта и дополнителни петстотини килограми.

Конструкцијата со седум седиштата е создадена благодарение на една фирма за изработка на каросерии, а султанот поминал само околу 1.800 километри со него.

Преведено, овој Lambo најголемиот дел од својот живот го поминал под покривот, менувајќи само колекционерски сали, пренесуваат информативните агенции.

Автомобилот го пронашол Shmee1500, а интересната историја на овој автомобил ја открил и на својот YouTube канал.

Моментално е дел од колекцијата Motikona во Шведска. Автомобилот од султанот го купил поранешниот шеф на BMW и VW, Бернд Пишетсридер (Bernd Pischetsrieder), а потоа се менувал уште неколку пати.

Една Швеѓанка го користела за да ги одвезе своите деца на училиште, што не е многу исплатливо со оглед на огромната тежина на возилото и V12 моторот од Countach.Сопственикот сега бара нови гуми. Моментално се нуди само еден комплет, а цената е околу 50.000 евра.





НАЈНОВИ