Home Featured Новиот Chevrolet Corvette ZR1 има повеќе од 1000 КС

Новиот Chevrolet Corvette ZR1 има повеќе од 1000 КС

0
Новиот Chevrolet Corvette ZR1 има повеќе од 1000 КС

General Motors претходно потврди дека летово ќе го претстави најекстремниот Chevrolet Corvette со централно поставен мотор, што неодамна и се случи…

Значи, ова е Corvette ZR1 придвижуван од 5,5-литарски твин-турбо V8 LT7 мотор, кој доаѓа во комбинација со значително ревидиран осум (8)-брзински менувач со двојна спојка.

Моторот има моќност од дури 793 kW/1079 КС и 1121 Nm максимален вртежен момент, па не е изненадување што овој автомобил ќе достигне брзина поголема од 215 mph (346 km/h).

Во понудата ќе бидат Coupe верзијата (тежината му е 1665 кг) и изданието Cabrio (тежи 1705 кг).

Во однос на димензиите, новиот ZR1 е долг 4722 mm, широк 2025 mm, висок 1234 mm и меѓуоскино растојание од 2723 mm.

Нов аеродинамичен пакет од јаглеродни влакна (со поголемо задно крило, преден спојлер, прагови и отвори за воздух), покрив од јаглеродни влакна, нови тркала од 20 и 21 инчи, карбонски керамички сопирачки, гуми Michelin Pilot Sport 4S, модифицирана Magnetic Ride суспензија, 12 инчи дигитална инструмент табла, 8-инчен инфозабавен систем и ознака ZR1 на воланот и праговите на вратите.

ZR1 влегува во производство следната 2025 година, но засега не е позната цената по која ќе се продава. Во секој случај, ZR1 ќе биде поскап од верзијата на Z06 од 110.100 американски долари во САД.