Антифризот е една од најважните течности во секој автомобил. Тој ја одржува работната температура на моторот, го штити од замрзнување во зима, од прегревање во лето и спречува создавање корозија во системот за ладење. Но, често се случува течноста во експанзионата посуда да не биде соодветна или да го има изгубено својот квалитет.
Во продолжение прочитајте неколку практични и едноставни начини како да проверите дали вашиот антифриз е добар и безбеден за користење.
Тест со сода бикарбона
Еден од најпознатите „домашни“ тестови е проверка со сода бикарбона. Земете мала количина антифриз во проѕирна чаша и додајте малку сода бикарбона.
Ако течноста почне да пени или бурно да реагира, тоа е сигнал дека антифризот најверојатно е лош, со киселински примеси или е неквалитетна (можеби и фалсификувана) течност. Тоа може да доведе до оштетување на металните делови и до корозија во системот за ладење.
Квалитетниот антифриз нема да покаже никаква реакција при допир со сода бикарбона.
Визуелна проверка
Едноставна, но многу корисна проверка може да се направи и само со око:
– Добриот антифриз има чиста, бистра и изедначена боја (зелена, сина, црвена или розева, во зависност од видот)
– Не смее да содржи талог, честички, рѓосани отпадоци или заматеност
– Ако бојата е потемнета, кафеавкаста или мутна, тоа е знак дека течноста е застарена или загадена
Во тој случај, најдобра и најбезбедна опција е целосна замена на антифризот.
Проверка со инструмент
За попрецизно тестирање се користат специјални алати, кои се достапни во авто-продавници или сервиси:
– Тест-ленти – ја покажуваат состојбата на pH-вредноста и дали антифризот сè уште ги има заштитните адитиви
– Рефрактометар – мери дали е правильна концентрацијата на антифризот во смесата (идеално 50:50 антифриз и дестилирана вода)
– Мерење на електрична спроводливост – ако антифризот спроведува премногу струја, значи дека е деградиран и може да предизвика корозија
Колку често треба да се проверува
Се препорачува антифризот да се проверува најмалку двапати годишно – наесен и напролет.
Пред зимата – за заштита од замрзнување
Пред летото – за заштита од прегревање
Исто така, секоја 2–4 години (во зависност од типот) антифризот треба целосно да се замени, дури и ако на изглед е добар.
Совети при купување антифриз
– Избегнувајте антифриз купен „на точење“ без декларација
– Купувајте од проверени продавачи
– Проверете датум на производство и рок на употреба
– Користете тип препорачан од производителот на возилото
Ако забележите промена на бојата, мирисот, талог или пенење — не ризикувајте. Лошиот антифриз може да предизвика сериозни дефекти на моторот и системот за ладење.
Подобро е навреме да се замени, отколку подоцна да се плаќа скап ремонт.