Новиот MG 3 без маска

На сликата е новата, трета генерација на MG 3, чија официјална премиера може да се очекува во првата половина од тековната 2024 година…

Освен нов изглед (во согласност со актуелниот дизајнерски јазик на MG), новиот MG 3 носи и поголеми димензии, повеќе пространа внатрешност и побогата опрема (вклучувајќи поширок список на безбедносни системи), како и опција за хибрид возење.

Во новата генерација, освен бензински мотори, се очекува и хибридна верзија која би комбинирала 1,5-литарски бензински мотор и електромотор.

Во секој случај, хибридниот MG 3 би требало да биде поевтина алтернатива на хибридните варијанти на Yaris на Toyota и Clio на Renault на европскиот пазар.





НАЈНОВИ