Pininfarina Battista Reversario

Automobili Pininfarina претставува уште една ексклузивeн примерок на хипер автомобилот Battista, а ќе потенцираме дека уникатната единица е нарачана од доволно богат клиент кој веќе поседува Battista Anniversario…

Тој клиент сега побара од дизајнерите на Automobili Pininfarina да го создадат токму спротивното – Reversario.

Battista Anniversario се појави во 2020 година, прославувајќи ја 90-годишнината на компанијата, во ограничено издание од пет единици.

Како што сугерира неговото име, овој Battista Reversario ги менува боите на оригиналот, создавајќи совршен близнак.

Каросеријата и тркалата со пет краци се обоени во Bianco Sestiere, додека горниот дел е во Grigio Antonelliano. Како и со оригиналот, има и Iconica Blu лента.

Уникатната значка е додадена и на долната страна на активниот заден спојлер, заедно со буквите Reversario на карбонските странични крила.

Внатрешноста на Reversario е исто така спротивна на Anniversario, со бела Алкантара и кожен тапацир.

Бојата Iconica Blue се користи за безбедносните појаси и разни влошки, додека значката Reversario повторно се појавува меѓу седиштата.

Pininfarina креираше и триделен багаж во црна кожа со облоги на Iconica Blue.

Battista има четири електромотори и вкупна моќност од 1903 КС и 2340 Nm, максимален вртежен момент, додека пак, батериите се со капацитет од 120 kWh.

Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 1,86 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 350 km/h.

Цената на Reversario не е објавена, но треба да се потсети дека почетната цена на верзијата Anniversario беше 2,6 милиони евра.

Се вели дека секој Battista поминува низ макотрпен производствен процес во фабриката Automobili Pininfarina во Камбијано, Италија.

На тим од 10 занаетчии му требаат околу 1.250 часа за да го направат секој примерок од хипер автомобилот.

Automobili Pininfarina ќе произведе вкупно само 150 единици од Battista и сака да се погрижи сопствениците да уживаат во овие хипер автомобили во годините што доаѓаат.

Возилото поддржува дијагностика на далечина, а компанијата вработува како што ги нарекува „летачки доктори“ за да помогнат во одржувањето каде и да живее сопственикот.

Клиентите можат да купат и петгодишна или десетгодишна програма за одржување.

Достапна е продолжена гаранција за батерии и погон со 10 години покриеност, наместо стандардните три години.

Постои и програма Eterna за снабдување со резервни делови од каросеријата а полесни поправки по падот.





НАЈНОВИ