Volvo подготвува уште еден значаен чекор во електрификацијата на својата понуда со новиот Volvo EX60, кој официјално ќе биде претставен на 21 јануари. Станува збор за целосно електричен SUV од средната класа, кој треба да ја замени актуелната XC60 и да донесе сериозни технолошки подобрувања.
Според најавите, Volvo EX60 ќе има досег до 810 километри според WLTP, што би бил најголем домет кај електричните модели на шведскиот производител досега. Новата 800-волтна електрична архитектура ќе овозможи и исклучително брзо полнење, со можност за добивање неколку стотици километри автономија за само десетина минути на брз полнач.
EX60 ќе биде првиот модел изграден на новата SPA3 платформа, специјално развиена за електрични возила. Таа овозможува поголема ефикасност, подобра безбедност и повеќе простор во внатрешноста. Посебен акцент е ставен на практичноста, бидејќи Volvo најавува и опција со трет ред седишта, со што автомобилот би можел да превезува до седум патници.
Дизајнот ќе ги следи најновите Volvo насоки, со модерни линии, LED светла во форма на „Торов чекан“ и напредни системи за асистенција при возење. Повеќе детали за моторните изведби, цената и точниот датум на пристигнување на пазарот ќе бидат откриени на официјалната премиера.
Со EX60, Volvo јасно покажува дека има амбиција да биде еден од лидерите во сегментот на електрични SUV модели со голем домет и висока практичност.