Половина од испорачаните примероци се опремени со рачен менувач на брзини…
Ива само ја потврдува објавата на Баварците дека постои силен интерес за моделите М3 и М4 со рачни менувачи.
BMW е еден од ретките производители на автомобили што сè уште нуди рачни менувачи на своите модели со високи перформанси.
Во минатата 2023 година, тие се покажаа популарни во САД:
„Побарувачката за рачни менувачи во нашите производи М со високи перформанси остана многу силна во 2023 година, сочинувајќи околу 20 отсто од продажбата на М3 и М4 (комбинирана) и повеќе од половина од продажбата на М2.
Во соопштенија се огласија портпароли на брендот.
Вреди да се напомене дека само основните модели M3 и M4 се нудат со рачен менувач.
Инаку треба да се напомене дека верзиите Competition, Competition xDrive и специјалните изданија како што се M3 CS и M4 CSL се само автоматски, додека пак, основните модели се само со рачни.
Во моментов, M2 се нуди со избор на шест (6) -брзински мануелен или осум (8)-брзински автоматски менувач.
Во секој случај, ова се многу добри бројки, што го одразува трендот кај ентузијастите кои го прифаќаат мануелниот менувач во најавата за целосна електрификација на автомобилските марки.