Електрично противпожарно возило ќе се бори со пожарите во Аризона

Владите и институциите ширум светот работат на електрификација на нивните флоти, а сега пожарникарите во градот Меса, Аризона, добија целосно електрично противпожарно возило…

Тоа е електричен камион произведен од E-One кој стана „прв целосно електричен противпожарен камион во северноамерикански стил во Аризона“. Ова возило ќе му помогне на Меса (Мesa) да ја постигне целта за јаглеродна неутралност до 2050 година.

Матичната компанија на E-One, REV Group, не откри многу детали за камионот, освен дека може да протурка 2.839 литри во минута низ своите четири црева. Едно полнење на батеријата е доволно за четири часа работа.

Камионот ќе биде во служба на Противпожарната станица 211, чија зграда е опремена со полнач доволно моќен за полнење на батеријата на возилото за три и пол часа.

Камионот E-One Vector беше претставен во 2022 година и има архитектура од 800 волти, како и неколку батерии со вкупен капацитет од 327 kWh.

Може да биде опремен и со дизел мотор за да го прошири опсегот, што е корисно за време на ситуации како што се прекини на струја, земјотреси и урагани.

Моторот се вклучува автоматски и ги полни батериите кога се речиси празни.

Електричното противпожарно возило го чинеше градот 1,3 милиони евра, а средствата граѓаните ги одобрија уште во 2018 година





НАЈНОВИ