Обновена Ford Puma

Ford го ажурираше популарниот crossover модел Puma, кој за новата моделска година доби модернизирани внатрешни и надворешни стилски промени…

Исто така, 1,5-литарскиот со три цилиндри бензински мотор со моќ од 200 КС беше отстранет од палетата на мотори за врвната Puma ST, која сега е исклучиво опремена од послаба единица од 1,0 литри.

Тој мотор, лансиран како опција минатата година и опремен со 48V блага (mild) хибридна технологија, доаѓа во комбинација само со седум (7) степен автоматски менувач со двојна спојка, што значи дека сега нема ниту мануелен Puma ST.

Според тоа, Puma ST 1.0 има 170 КС и 248 Nm, а од 0 до 100 km/h забрзува за 7,4 секунди.

Пума останува достапна во стандардна блага хибридна форма со 125 КС или 155 КС, но само почетниот модел е сè уште достапен со шест (6) степен мануелен менувач.

Обновената Puma најочигледно се разликува од претходната верзија благодарение на новиот преден дел, со нова значка на Ford во центарот на маската и рестилизирани LED светла.

Промени има и во внатрешноста, првенствено во форма на 12,0-инчен екран на допир кој го напојува најновиот систем за информации и забава Sync 4 на компанијата.

Под екранот има нови „меки“ копчиња за контрола на климата и загреани седишта (дел од потегот за намалување на бројот на физички прекинувачи за „почист дизајн“) и нова телефонска преграда со интегрирана подлога за безжично полнење. Има и нова 12,8-инчна дигитална инструмент табла со подобрена графика.

Нов е и подобрен пакет на функции за помош на возачот кој вклучува помош при пресекот, помош при сопирање назад и систем кој автоматски го успорува автомобилот кога се приближува до кривина или раскрсница.

Денес Ford го потврди името на идната електрична Puma (Puma Gen-E), пред нејзиното претставување подоцна оваа година.

Ќе биде нов ривал на Peugeot e-2008 и Mini Aceman, а треба да се произведува заедно со стандардната Puma во Крајова, Романија.

Puma Gen E ќе ја сподели својата платформа и погонската група со новиот Ford E-Transit Courier.

Се очекуваат батерии од 55 kWh, досег од околу 370 km, како и електромотор со mo’ od 136 КС или od 184 КС





НАЈНОВИ