Oдложено лансирањето на електричниот Ineos Fusilier

Од Ineos објавија дека го одложиле лансирањето на својот електричен модел Fusilier…

Наведувајќи ја падот на побарувачката за електрични возила и загриженоста за тарифите, британската компанија објави дека Fusilier што беше претставен на почетокот на оваа година нема да влезе во производство во 2027 година како што беше претходно планирано.

„Го одложуваме лансирањето на Ineos Fusilier поради две причини: неволно прифаќање на електрични возила од страна на клиентите и несигурност во индустријата околу тарифите, времето и оданочувањето. Треба да има долгорочна јасност од креаторите на политиката “, изјави компанијата за индустрискиот магазин Automotive News Europe.

Ineos во соопштението не наведе кога овој електричен SUV ќе биде лансиран на пазарот.

Сè уште нема многу детали, но претходно беше наведено дека досегот со едно полнење на батеријата ќе надмине 400 километри.

Исто така, Ineos Fusilier ќе има Skateboard платформа. Според Ineos, компанијата размислувала да го претвори стандардниот Grenadier во EV, но заклучила дека би било премногу тешко да се спакува голема батерија во нејговата рамка. Следствено, тие беа принудени да започнат со празен лист хартија за новиот модел и да користат архитектура посоодветна за електричните возила.

„Ќе биде малку помал од Grenadier и ќе има свој карактер, но сепак ќе личи на помладиот брат – семејната сличност ќе биде тука“, објави претходно сопственикот на Ineos, Џим Ретклиф (Jim Ratcliffe).

Компанијата тврди дека Fusilier ќе биде „не споредлив “ -SUV моддл и не само што ќе нуди теренски способности досега невидени во EV, туку ќе биде погоден и за „работни работи“.

Ineos го разви својот прв EV во партнерство со Magna Steyr, кој исто така одигра клучна улога во развојот на Grenadier.

Покрај целосно електричната верзија, Fusilier ќе добие и варијанта со бензински мотор за проширување на опсегот. Последната верзија моментално е во развој, а ќе има мал бензински мотор кој ќе делува како генератор.

„BEV се совршени за одредени намени: пократки патувања и урбани испораки, но индустријата и владите треба да имаат реални очекувања за другите технологии кои можат да помогнат да се забрза потребното темпо на промени. „Затоа нудиме дополнителен погон за Fusilier, таков што драматично ги намалува емисиите, но го има потребниот опсег и способности за полнење гориво “, вели Ретклиф.

Според претходните најави, двете варијанти треба да ги произведува Magna во Австрија, а Fusilier на крајот ќе помине низ „ригорозна програма за тестирање на австриската планина Шокл “(Schockl).

Според претходните планови, батериите требаше да ги испорача Samsung и да ги склопува во Унгарија, но повеќе детали допрва ќе следуваат.

 





НАЈНОВИ