Ова е најголемиот Volkswagen досега – и крие изненадување под лимот

Volkswagen го претстави најголемиот модел во својата историја, масивен SUV кој по димензии, технологија и концепт јасно покажува во која насока се движи германскиот производител, особено кога станува збор за кинескиот пазар.

Новиот SUV се издвојува со должина поголема од 5,2 метри, огромно меѓуосовинско растојание и простор за седум патници, со што станува најпространиот Volkswagen што некогаш влегол во сериско производство. Дизајнот е робустен и луксузен, со линии што потсетуваат на премиум SUV модели, а вкупната маса надминува 2,7 тони.

Најголемото изненадување се крие под хаубата. Иако станува збор за електрично возило, Volkswagen користи и бензински мотор, но не за директен погон. Станува збор за 1.5-литарски бензинец кој служи исклучиво како генератор за полнење на батеријата, односно како продолжувач на досегот – решение кое сè почесто се користи на кинескиот пазар.

Основната верзија располага со еден електромотор, додека помоќната изведба има два електромотори и погон на сите тркала, со вкупна моќност над 500 коњски сили. Батериите се нудат во две големини, а електричниот досег надминува 400 километри, додека вкупниот досег со помош на бензинскиот генератор може да достигне речиси 1.000 километри.

Иако овој модел првенствено е наменет за кинескиот пазар, Volkswagen не ја исклучува можноста ваквата технологија со „range extender“ да се прошири и на други пазари во иднина. Со овој SUV, компанијата јасно покажува дека е подготвена да експериментира и да се прилагоди на различни глобални трендови.

 

НАЈНОВИ