Пукањето на ветробранското стакло е сè почест проблем кај модерните автомобили, а според најновите податоци – некои брендови се поизложени од други.
Според анализата на шведските институции и осигурителни компании, најмногу проблеми со пукање на стаклата имаат следниве брендови:
Tesla
Lexus
Mini
BMW
Mercedes-Benz
Audi
Volkswagen
Seat
Škoda
Ford
Subaru
Kia
Toyota
Citroën
Fiat
Volvo
Mazda
Nissan
Renault
Peugeot
Зошто доаѓа до пукање?
Експертите објаснуваат дека проблемот не е само во брендот, туку и во модерниот дизајн на автомобилите.
Главните причини се:
користење на потенки стакла за намалување на тежината
пошироки гуми кои полесно исфрлаат камчиња
поаеродинамичен дизајн кој помалку го штити стаклото
повеќе возење и поголем сообраќај
Дополнително, камчињата и нечистотијата по зимската сезона се најчестиот директен причинител за оштетувања.
Не е само до удар
Интересно е што стаклото може да пукне и без удар –
наглите температурни разлики (жешко сонце + клима или студ + греење) создаваат напон што доведува до пукнатини, особено ако веќе има мало оштетување.
Заклучокот е јасен – иако одредени брендови се почесто погодени, главниот проблем лежи во современата конструкција и условите на возење. Затоа, дури и мал „чип“ на стаклото не треба да се игнорира, бидејќи може брзо да прерасне во сериозна пукнатина.