Поранешниот директор на Volkswagen смета дека забраната за дизел и бензински возила треба да се преиспита

Пазарот на електрични автомобили во Европа како да се „лади“, особено во најмоќната држава во Унијата – Германија…

Нема повеќе субвенции на најважниот европски пазар и бројките од продажбата не се спектакуларни.

– Клиентите не реагираат соодветно. Барем не со сумата што беше предвидена или што политичарите си ја поставија како цел – вели поранешниот шеф на Porsche и VW Матијас Милер (Matthias Müller) во интервју за N-TV. Поранешниот менаџер на VW има објаснување и зошто клиентите сè уште ги избегнуваат електричните автомобили. Возилата се уште се прескапи, но многу ќе се сменат во наредните години.

Покрај тоа, опциите за полнење се ограничени, а електричната енергија е скапа и често не е еколошка.

Втората причина е краткиот дострел, барем според тоа што го прнесуваат соецијализираните портали.

Возачот на дизел е навикнат да вози од 800 до 1.000 километри во сите временски услови и брзо да го наполни своето возило. Во овој контекст, Милер ја доведува во прашање и предложената забрана на ЕУ за мотори со внатрешно согорување.

Според него, барем во овој момент треба повторно да се отвори дискусијата за важното прашање за забраната.

Главниот фокус треба да биде на тоа дали хибридите и синтетичките горива можат да бидат решение.

– Тоа не е решение за следните 20 или 30 години, но барем во периодот на транзиција, за да се овозможи непречена транзиција за клиентите, тоа би можело да биде решение – јасно вели Милер.





НАЈНОВИ