Последниот произведен Bentley Bacalar ќе се најде на аукција следниот месец

Дванаесеттиот и последен произведен Bentley Bacalar ќе биде ставен на аукција наредниот месец во мај….

Има поминато само 191 километар и се верува дека е првиот примерок од овој модел кој се најде на пазарот на половни автомобили.

Оние кои беа богати и доволно среќни да нарачаат Bacalar од фабриката имаа голем број на опции на располагање за да се осигураат дека секој примерок е уникатен. Автомобилот прикажан на фотографиите е обоен во темна зелена нијанса позната како Mulliner Extended Range Veridian и вклучува пакет од јаглеродни влакна што додава неколку јаглеродни компоненти, вклучувајќи отвори на хаубата, куќишта на страничните ретровизори, гребени на потпирачот за глава и странични влошки. Контрастот со зелената боја е претставен со сатенски бронзени детали.

Првиот сопственик го промени и ентериерот, најголемиот дел е покриен со зашиена црна кожа и збогатен со сатенски карбонски детали. Шевовите се бронзени, како и часовникот и рачката на менувачот. Дополнителна ексклузивност е претставена со фурнирот Riverwood стар 5.000 години.

Bacalar е придвижуван од 6,0-литарски твин-турбо W12 мотор, кој испорачува 659 КС. Спарен е со осумстепен менувач со двојна спојка кој ја испраќа силата на сите четири тркала.

Автомобилот е увезен во САД со исклучок за show или изложбеното возило, што значи дека не може да патува (pominuva) повеќе од 4.023 километри годишно. Првиот сопственик го чинел околу 2 милиони американски долари, па новиот купувач ќе одвои и „сериозна“ сума за да го купи.

 





НАЈНОВИ