Премиерата на Alfa Romeo Milano –  10 април

Alfa Romeo официјално потврди дека новиот B SUV модел Milano ќе биде претставен на 10 април оваа година, а оваа најава е придружена со неколку нови тизер слики од се уште камуфлираното тест возило…

Тоа ќе биде најмалиот модел во гамата на италијанската марка, која моментално ја сочинуваат Giulia, Stelvio и Tonale, а Alfa објави дека Милано ќе му даде приоритет на уживањето во возењето, со цел да обезбеди „директно и прецизно управување“.

Името Milanо ќе го носи во чест на градот Милано, каде компанијата е основана во 1910 година.

Исто така, во тој град ќе се одржи и официјалната презентација во април. После тоа, целосно електрична верзија ќе се појави на пазарот во септември, со благ хибриден бензинец кој ќе се приклучи на линијата два месеци подоцна.

Milano ќе биде долг околу 420 cm и ќе биде изграден на платформата CMP/eCMP, заедно со Fiat 600 и Jeep Avenger.

Варијантата со погон на мотори со внатрешно согорување најверојатно ќе вклучува некоја форма на електрификација за подобрување на ефикасноста, намалување на емисиите и зголемување на моќноста. Соодветна опција може да биде 1,2-литарскиот турбо благ (mild) хибрид што се користи во Fiat 600 Hybrid и Jeep Avenger Hybrid.

Алтернативно, Alfa Romeo може да се одлучи за помоќна верзија, достапна во сродни модели од Peugeot и Opel, обезбедувајќи предност во перформансите.

Сепак, најинтересна ќе биде целосно електричната верзија.

Тој треба да доаѓа со погон на четири тркала и батерии од 54 kWh, со електричен опсег од околу 400 km.

Сè на сè, Alfa Romeo планира да напише нови правила за овој сегмент. На автомобилската сцена, која се развива сè побрзи и нуди широк спектар на возила во се попопуларниот SUV сегмент, новата линија на овој бренд уште еднаш ги дефинира нејзините амбиции.

 





НАЈНОВИ