Почетна Актуелно Претставен Me...

Претставен Mercedes-AMG GT SUV: Првиот спортски електричен теренец со дури 1.169 КС!

9

Mercedes-AMG и официјално го претстави својот прв голем електричен SUV, моделот Mercedes-AMG GT SUV. Овој модел ги носи препознатливите спортски перформанси во сегментот на електричните теренци, а најавната најмоќна изведба испорачува неверојатни 1.169 коњски сили и забрзува до 100 km/h за само 2,4 секунди. Возилото е поставено на новата наменска електрична платформа AMG.EA, а доаѓањето во салоните е најавено за летото 2027 година.

Три изведби со врвни перформанси
Купувачите ќе можат да избираат меѓу три верзии: GT53 SUV, GT55 SUV и врвниот GT63 SUV.

GT53 SUV: Почетниот модел користи два електромотора и двостепен менувач на задната оска, развива 536 КС и 800 Nm, а до 96 km/h стигнува за 4,1 секунда.

GT55 и GT63 SUV: Посилните изведби имаат три електромотори (еден на предната и два на задната оска). GT55 испорачува 805 КС и 1.860 Nm, додека врвниот GT63 нуди дури 1.169 КС и 2.000 Nm, со забрзување до 96 km/h за 2,6 секунди.

Сите модели стандардно доаѓаат со погон на сите тркала AMG Performance 4MATIC+, а најсилни моќни изведби овозможуваат и прецизно распределување на вртежниот момент на секое задно тркало посебно.

Напредна батерија, ултра-брзо полнење и голем досег
Користејќи 800-волтна електрична архитектура, модедите GT55 и GT63 доаѓаат со батерија од 128,0 kWh и поддржуваат DC полнење со моќност до неверојатни 710 kW.

Само 10 минути полнење се доволни за враќање на досег од до 450 километри кај посилните изведби.

Проценетиот максимален досег за врвниот GT63 изведува меѓу 620 и 700 километри по WLTP стандардот.

Динамика, звук на V8 мотор и цена
За врвна стабилност се грижи новиот воздушен опрем AMG Active Ride Control+ кој го намалува нагињањето на каросеријата. За посебен возачки доживеај, тука е и системот AMGForce Sport+ кој симулира динамичен звук на вистински V8 мотор со придружни симулирани промени на брзините преку лопатките на воланот.

Нарачките за почетниот GT53 SUV стартуваат со почетна цена од 113.050 евра, додека помоќните изведби GT55 и GT63 на пазарот пристигнуваат во пролетта 2027 година.