Home Featured Претставување на Defender Octa

Претставување на Defender Octa

0
Претставување на Defender Octa

Новиот господар на екстемните перформанси на асфалт но и на тешко пристапни терени…

Најсилниот и најиздржливиот модел во неуморното семејство на Defender ја издигнува луксузната способност со високи перформанси на повисоко ниво.

  • Херој со високи перформанси: Новиот Defender OCTA е Defender што е направен со најголема динамика досега, со ненадминато пространство од можности и перформанси како за на друм така и за на терен
  • Цврст луксуз: Како и дијамантот, новиот Defender OCTA е ретка комбинација на екстремна цврстина и луксуз – неговото име е инспирирано од најтврдиот и најпосакуваниот минерал на земјата
  • Неспоредлива појава: Импозантен став и храбар нов дизајн го издвојуваат новиот Defender OCTA од останатите, додека новата препознатлива графика оддава почит на неговите квалитети слични на дијамант
  • Решителни перформанси: Најмоќниот Defender досега се карактеризира со 4.4-литарски V8 мотор со двоен турбо полнач и технологијата делумен хибрид што развива моќност од 635 PS и вртежен момент до 750 Nm1, со забрзување 0-60 mph за само 3,8 секунди
  • Интелигентно потпирање: 6D Dynamics со контрола на навалувањето настрана и нанапред-наназад, како и квалитетно преработени компоненти на шасијата, овозможуваат драматична промена на перформансите на бројни подлоги и во разни услови.
  • Наменски режими: Целосно новиот режим OCTA Mode – првиот режим за теренско возење на Defender со фокус кон перформансите – го ослободува целото мајсторство за теренско возење, како и наменските системи контрола против блокирање на кочниците и контрола при тргнување
  • Деби во Defender: Новите седишта Performance се карактеризираат со технологијата Body and Soul Seat за да ги задлабочат патниците на предните седишта во секое возење, а завршната обработка е со нови, високо издржливи материјали и комбинации на бои
  • Ексклузивна спецификација: Новиот Defender OCTA Edition One се карактеризира со внимателно составена спецификација за првата година на производство, со ексклузивни нови опции на бои и детали од карбонски влакна во стилот Chopped Carbon Fibre
  • Динамично деби: Новиот Defender OCTA својата премиера и динамичното деби за јавноста ќе ги има на Фестивалот на брзината во Гудвуд (11 – 14 јули).

Гејдон, Обединетото Кралство – среда, 3 јули 2024: Претставување на нов херој за оригиналниот британски авантуристички бренд Defender: новиот Defender OCTA. Најсилниот, најспособниот и најлуксузниот модел во неуморното 4х4 семејство ја издигнува способноста на Defender 110 на неспоредливо ниво.

Со 4.4-литарски V8 мотор со двоен турбо полнач и технологијата делумен хибрид, моделот OCTA е најекстремниот и најмоќниот Defender досега, со моќност од 635 PS и вртежен момент од 750 Nm 1 што овозможуваат забрзување од 0 до 60 mph за 3,8 секунди (0-100 km/h за 4,0 секунди). Квалитетно преработени компоненти на шасијата и иновативни технологии, вклучувајќи го потпирањето 6D Dynamics, гарантираат дека неговите динамички можности се издигнати на нови висини.

Најхрабра и најцврста надворешност досега, со уникатен карактер. Висината на возење му е поголема, држењето му е пошироко, а лаковите на крилата се издолжени за да се добие неверојатна појава. Редизајнираните одбојници даваат подобрени агли на приоѓање и заминување, додека цврстата заштита на долниот дел му дава на возачот доверба да истражува подетално на груб терен. И, ќе минува низ подлабока вода од кој било сериски Defender пред него – низ вода со длабочина до еден метар.

Марк Камерон, Генерален директор, Defender, изјави: „Со новиот Defender OCTA можеме да го ослободите целиот потенцијал на Defender. Тој самиот е дефиницијата за пространство од можности и доказ за тоа што можеме да постигнеме со користење на најдобрите технологии и ангажирање на најголемите таленти во нашиот оддел за инженеринг. Со својот моќен V8 мотор, револуционерната технологија на потпирање 6D Dynamics, извонредните завршни обработки и уникатните детали, тој е редок, неверојатно силен и природно посакуван“.

Името на новиот Defender OCTA е изведено од најцврстиот и најпосакуваниот минерал на земјата – дијамантот – и неговиот октаедарски облик што ги дава уникатната појава и издржливост. Овој облик е инспирација и за новата препознатлива графика, што го означува како лидер во семејството Defender – силен и отпорен, но сепак впечатлив, редок и посакуван.

Секој Defender OCTA носи нова графика со дијамант во круг, се состои од дијамант во сјајна црна боја во обработен и пескарен титаниумски диск на секоја табла со препознатлива графика.

Цврстиот луксуз на Defender OCTA е олицетворен преку Defender OCTA Edition One, што е достапен во првата година од производство. Се карактеризира со внимателно составена спецификација, завршна обработка во ексклузивната нова зелена боја Faroe со материјалот UltrafabricsTM PU во боите Khaki и Ebony и обединета внатрешност, нови детали од карбонски влакна во стилот Chopped Carbon Fibre, 20-инчни ковани тркала од легура со избор на пневматици за секаков терен или опционалните специјално развиени напредни пневматици за секаков терен2.

Неспоредливи перформанси

Новиот Defender OCTA внесува неверојатни перформанси во Defender. Погонска единица, со моќност од 635 PS, е 4.4-литарски V8 мотор со двоен турбо полнач и технологијата делумен хибрид. Овој мотор е спарен со автоматска трансмисија со осум брзини со степени на пренос во подрачјата со голем и со мал број на вртежи. Резултатот е најмоќниот и најекстремниот Defender досега. Новиот Defender OCTA ќе постигне брзина од 155 mph кога се вградени 22-инчни тркала од лесна легура и пневматици за сите сезони.

Со вртежен момент од 750 Nm 1 ( до 800 Nm кога е избран режимот Динамично тргнување) и засилен за да одговара на неверојатните перформанси за секаков терен на возилото, новиот Defender OCTA е способен да забрза од 0 до 60 mph за 3,8 секунди (0-100 km/h за 4,0 секунди), додека врвен момент е достапен од само 1800 врт/мин до скоро 6000 врт/мин, за исклучителни карактеристики на возење.

Неверојатна способност и издржливост

Динамичките можности на новиот Defender OCTA се поголеми од можностите на кој било Defender досега, со воведување на технологија за потпирање 6D Dynamics со хидраулично поврзување, за прв пат во Defender, заедно со бројните измени во машинските делови и геометријата. Како ниту еден досега, тој е дизајниран да биде забавен за возење како на друм така и на терен, без никакви компромиси.

Defender OCTA стои 28 mm повисоко и е 68 mm поширок, за врвен слободен простор под возилото и стабилност. За да се гарантира неспоредлива доверба и контрола на секаков терен, со максимална артикулација на тркалата при теренско возење и намалено навалување при друмско возење се преработија одредени компоненти од потпирањето, како подолги и поцврсти виљушки и уникатни активни амортизери со посебни акумулатори. Ова возило се карактеризира и со помоќни дискови, 400 mm, на предните кочници со шепи од компанијата Brembo и најбрзиот степен на пренос на управувачот во Defender досега, за брзи и прецизни реакции.

За Defender OCTA требаше да се креира посебна програма за тестирање и развој со повеќе од 13.960 дополнителни тестови, вклучувајќи издржливост при голема брзина на теренско возење, како и издржливост при голема брзина на друмско возење, бидејќи тимот навлезе во области на способност и робустност што не биле истражувани досега.

Џамал Хамеди, Директор на SVO, JLR, изјави: „Нашите експерти за високи перформанси го постигнаа невозможното со Defender OCTA, работејќи неуморно во изминатите три години за да го креираат најспособниот Defender досега – без оглед по каква површина се движи. Реконструираа компоненти во целото возило за да се погрижат дека Defender OCTA е совршен придружник за епски авантури насекаде на планетата“.

Напредна мрежа од хидраулично поврзани, постојано променливи полуактивни амортизери виртуелно ги елиминира навалувањата нанапред-наназад и настрана при друмско возење, а системот 6D Dynamics придонесува и за исклучителен комфор и префинетост на Defender.

На тежок терен, системот 6D Dynamics овозможува поголема артикулација на тркалата и ќе се справи дури и со поекстремни пречки, што значи дека клиентите можат да ги издигнат своите авантури на повисоко ниво и со врвен комфор.

Вкупните можности на новиот Defender OCTA – којшто може автоматски да одреди по каква површина се движи и да ги оптимизира поставките на својата динамика соодветно на тоа – се ослободуваат преку неговите унапредени режими за возење. Како дополнение на основниот режим Comfort, режимот Dynamic го обезбедува врвното искуство за друмско возење со фокус кон перформансите, засилувајќи ги поставките на возилото за управување, гас и потпирање со едно притискање на проѕирното копче со препознатливо лого што се наоѓа на воланот.

Со долго притискање на истото копче се пристапува до режимот OCTA, првиот режим во Defender наменет за теренско возење со фокус кон перформансите. Ова беше наменски развиено за да се гарантира врвна контрола и доверба на возачот. Режимот OCTA овозможува и режим за тргнување при теренско возење Off-Road Launch за оптимално забрзување на растресити површини. Кога е во комбинација со најниските поставки за контрола на тракцијата (TracDSC или DSC off) тој исто така вклучува уникатна калибрација на Off-Road ABS, системот против блокирање на тркалата при кочење за теренско возење, за оптимални перформанси при кочење на растресити површини.

За технички посложени маневри при теренско возење, пакетот на познати режими Теренска реакција на Defender останува на дофат на раката на возачот, со посебни калибрации за Песок, Кал и корења, Трева Чакал Снег, и Ползење по карпи – потпомогнати со системите за помош на возачот при теренско возење како Поглед на теренот преку ClearSight3 што ефективно ја прави хаубата проѕирна за да се добие подобра видливост и сигурност кога се вози надвор од разгазената патека.

Доверлива надворешност

Импозантната појава на Defender и фокусот кон секаков терен добија храбар нов став за Defender OCTA. Тој се карактеризира со пневматици со дијаметар од 33 инчи, најголемите што се вградени во сериски Defender досега, вклучувајќи го пневматикот Advanced All-Terrain Tyre1, напреден пневматик за секаков терен, на Goodyear што беше развиен специјално за моделот OCTA. Ова бараше пошироки лакови на крилата што го збогати предниот дел на каросеријата оптимизиран за теренско возење со уникатен дизајн на украсните маски што овозможува поголем проток на воздух под хаубата, нов заден одбојник што присоединува активен издувен систем со четири излези, цврста заштита за долниот дел на каросеријата вклучувајќи преден долен заштитен лим од алуминиумска легура со графитна завршна обработка и истакнати предни и задни точки за влечење со завршна обработка Phosphor Bronze.

Палетата на бои на Defender OCTA вклучува две ексклузивни нови премиум металик бои: бакарната Petra и зелената Faroe, покрај сивите нијанси Carpathian и Charente, додека сите модели на Defender OCTA имаат контрастен покрив и крајна врата во сјајната црна боја Narvik. Клиентите можат дополнително да го персонализираат нивното возило со опционалниот тенок заштитен мат слој за додадена заштита на каросеријата во сурови опкружувања, додавајќи и софистицирана појава што ја прикажува неговата уникатна силуета и софистицирана површина.

Зелената боја Faroe ексклузивно е достапна за Defender OCTA Edition One, како и деталите од карбонски влакна во стилот Chopped Carbon Fibre. Оваа крајно уникатна завршна обработка, што вклучува рециклирани сирови материјали се наоѓа на натписот на хаубата на Defender, порабувањата на отворите на крилата и порабувањата на отворите на хаубата, како и на задната страна на наслоните на предните седишта и на декоративната површина на централната конзола во внатрешноста.

Опционални додатоци ексклузивни за новиот Defender OCTA ги збогатуваат неговиот дизајн и способност, вклучувајќи ги двојниот подигнат влез за воздух – дизајниран специјално за ова возило – со детали од карбонски влакна во стилот Chopped Carbon Fibre, вклучувајќи ја гарнитурата за монтажа на макара за поекстремни теренски авантури.

Шармантна, смирувачка внатрешност

Во внатрешноста, внимателниот избор го издвојува новиот Defender OCTA од останатите. Достапни се две крајно издржливи PU опции од UltrafabricsTM – 30 проценти помала тежина од традиционалната кожа. Овој материјал за седишта е стандард кај Defender OCTA Edition One, во две бои Khaki и Ebony, со плетен текстил и редуктивна, бесшавна завршна обработка.

За Defender OCTA, стандардната внатрешност е новата полуанилинска кожа Burnt Sienna, со текстилни декоративни површини од KvadratTM во бојата Ebony. Од друга страна, кој било Defender OCTA може да биде специфициран со PU од UltrafabricsTM во боите Light Cloud и Lunar, или полуанилинска кожа во бојата Ebony.

Предниот ред во Defender OCTA се карактеризира со целосно новите седишта Performance со подобри странични потпирачи и интегрирани наслони за глава. Тесната поврзаност на Defender со музика е ставена во прв план со извонредната аудио технологија Body and Soul Seat – достапна за прв пат во Defender.

Технологијата Body and Soul Seat беше развиена во соработка со експертите во музичката индустрија SUBPAC и Универзитетот во Ковентри. Оваа технологија им овозможува на возачот и совозачот да ја почувствуваат, како и да ја слушаат, музиката. Достапни се и шест Wellness програми што се грижат за релаксација на патниците или за подобрување на когнитивните реакции во движење, во зависност од нивниот приоритет.

Новиот херој со високи перформанси за секаков терен ќе го има своето јавно и динамично деби на Фестивалот за брзина во Гудвуд од 11 до 14 јули.

Наскоро: можност за нарачка од 31 јули – проверете повеќе и контактирајте нѐ на https://macedonia.landrover.com/defender/defender-octa/overview

За целосен медиумски пакет, посетете:

https://media.landrover.com/news/2024/07/introducing-defender-octa-new-master-extreme-performance-and-road