Продажбата на електрични автомобили во Франција продолжува да расте

Пазарниот удел на целосно електрични автомобили во Франција минатата година скокна на 17 проценти…

Уделот на хибридни возила меѓу автомобилите регистрирани за прв пат е зголемен на девет отсто, објави пред неколку дена француската автомобилска асоцијација PFA. Така, учеството на електричните возила изнесува 26 проценти.

Во 2022 година, уделот на електричните возила во Франција беше 22 отсто, откако претходната година беше 18 отсто.

Генерално, продажбата на автомобили во Франција драстично порасна минатата година. Бројот на нови регистрации на патнички возила и комбиња е зголемен за 16,1 отсто во однос на претходната година, а на камиони за 11 отсто, пренесе француската агенција АFP.

 

Со нешто помалку од 1,8 милиони, бројот на први регистрации на патнички возила и комбиња сè уште е значително под нивото од пред пандемијата на Ковид-19, кога имаше повеќе од два милиони.

Франција нуди и субвенции за купување електрични возила во 2024 година. Вкупниот износ на финансирање изнесува 1,5 милијарди евра, што е за 200 милиони евра помалку од 2023 година, објави телевизијата France Info. Висината на субвенцијата е намалена од 5.000 на 4.000 евра за клиентите со високи примања, додека за сите останати остана на 7.000 евра.

Во исто време, незначително е намален и бројот на модели на возила кои можат да добијат субвенција.





НАЈНОВИ