Рели Дакар 2024 – Петерхансел со победа за Аudi и историја

Како и да е, неговиот тимски колега го презеде водството во генералниот пласман…

Легендата на релито Дакар, Стефан Петерхаснсел (Stephane Peterhasnsel), во втората етапа во вкупна должина од 655 километри, стигна до својата јубилејна 50-та победа на релито Дакар во кариерата. Со оваа етапна победа се израмни со легендата Ари Ватанен (Ari Vatanen).

Легендарниот Французин, кој го бележи својот 35-ти настап на Дакар, имаше лош старт на овогодинешното рели. Првиот ден имаше бројни проблеми со гумите и целта ја мина со големо заостанување од 30 минути зад победникот. Меѓутоа, на вториот ден, со помалку камења во гумите, возачот кој победи на 14-тото рели Дакар, со хибриден погон ја покажа својата брзина и брзината на Audi RS Q e-tron.

На втората етапа на Дакар 2024, одличен беше и Себастиен Леб (Sebastien Loeb), кој заврши само 29 секунди зад Петерхансел во Prodrive Hunter. Трето  пласираниот во вториот ден, фабричкиот возач на Тоyotа, Сет Кинтеро (Seth Quintero), сериозно се закани и дури поведе по завршувањето на 167 километри, но не успеа да победи.

Со нешто повеќе од 3 минути заостанување, тој ја мина целта, пред соиграчот Жилиом де Мевиус (Guillaume de Mevius).

Сепак, најдобро работеше Карлос Саинц (Carlos Sainz), кој поведе во генералниот поредок во Audi со предност од 1′:51“ пред возачот на Тоyotа, Јазид Ал-Раџи (Yazeeda Al-Rajhi), а Себастиен Леб се искачи на третото место во генералниот пласман кај автомобилистите. .

 

Генерален пласман на релито Дакар 2024 година по втората етапа во конкуренција на возачи

Позиција                 возачот                 автомобил             Време / раз

1                            Carlos Sainz              Audi                        8h49m38s

2                            Yazeed Al-Rajhi      Toyota                    +1m51s

3                            Sebastien Loeb       Prodrive                  +4m17s4

Мотоциклистите секогаш се неизвесни, па вториот ден од релито Дакар донесе нов победник. Најбрз беше фабричкиот тимски возач на Honda, Хозе Игнасио Корнехо Флоримо (Jose Ignacio Cornejo Florimo), кој помина 463 километри од специјалниот тест за 4 часа 24′:17“, а на фабричкиот возач на Husqvarnа, Лучијано Бенавидес (Luciano Benavides) му беа потребни шест минути повеќе. Третото најдобро време на целта беше Пабло Кинтанила  (Pablo Quintanilla) од фабричкиот тим на Honda, кој заостана 6′:12” зад победникот.

Традиционално, постојат мали временски разлики помеѓу мотоциклистите. Победникот од првиот ден Рос Бранч (Ross Branch)заврши на 11-то место, со 11′:53“, задржувајќи го своето водство во генералниот пласман, а денешниот победник е нешто помалку од три минути зад него.

Генерален пласман на релито Дакар 2024 година по втората етапа во конкуренција на мотоциклисти

Поз. Бр. Нација / Возач                       Тимт                              Bреме/заостаток

1    46 (bwa) Ross Branch         Hero Motosports Team Rally  09h 50′ 05”

2   11(chl)Jose Ignacio Cornejo  Monster Energy Honda         09h 53′ 00 + 0h 02′ 55”

                 Florimo                                   Team

3     9(usa) Ricky Brabec          Monster Energy Honda           09h 57′ 20”+ 00h 07′ 15”

                                                            Team

 





НАЈНОВИ