Со цел да се одржи успешната продажба на Model Y, Tesla планира голем редизајн во средината на 2024 година…
Моделот Y на Tesla се појави на пазарот во пролетта 2020 година и набрзо се покажа како хит. На глобално ниво, тој стана најпродаваниот електричен автомобил во 2022 година, а истото се очекува во 2023 година, пред уште една Теslа, моделот 3.
Бидејќи Tesla сè уште очекува одлични работи од овој електричен SUV, според Bloomberg, за средината на 2024 година е планиран обемен редизајн врз основа на Model 3.
Производството на првите модели создадени во рамките на „Проект Џунипер“ (Project Juniper)е закажано за средината на годината во Гига фабриката на Теslа во Шангај, а се уште не се знае кога ќе започне производството на други локации.
Според Bloomberg, промените се обемни и вклучуваат визуелни промени на предниот, страничниот и задниот дел на возилото за дополнително подобрување на аеродинамиката и намалување на бучавата емитувана од автомобили.
Новитетите ја вклучуваат и внатрешноста со нов екран на допир и нов волан, овој пат без рачката на менувачот по моделот на Model 3, односно изборот на режим на возење на екранот.