Кинеската BYD Co, најголемиот светски продавач на електрични возила со батерии (BEV) и plug-in хибриди, продаде околу 3,02 милиони возила во 2023 година, што е зголемување за 61,9%, се вели во понеделникот…
Производителот на автомобили со седиште во Шенжен соопшти дека има продадено околу 1,6 милиони електрични возила со батерии, како и околу 1,4 милиони електрични хибридни возила со plug-in технологија во текот на минатата 2023-та.
Водечкиот кинески производител на електрифицирани автомобили BYD соопшти дека неговата продажба во декември изнесувала вкупно 340.178, вклучувајќи 190.754 целосно електрични возила.