Јапонскиот производител Toyota претстави нова, револуционерна технологија која треба целосно да го промени начинот на кој се рециклираат и користат батериите кај електричните и хибридните возила.
Станува збор за напреден систем за рециклирање на високонапонски литум-јонски батерии, кој овозможува значително намалување на емисиите на јаглерод диоксид и повторна употреба на клучните суровини. Со оваа технологија, Toyota ќе може да го продолжи животниот циклус на батериите и да го намали отпадот што настанува при нивната замена.
Компанијата истакнува дека ова е важен чекор во нејзината стратегија за одржлива мобилност и дел од поширокиот план за намалување на влијанието врз животната средина. Новата технологија треба да се применува веќе во наредните генерации на електрични и хибридни модели на Toyota.
Оваа иновација се смета за еден од најважните технолошки напредоци во автоиндустријата во последните години и уште една потврда дека Toyota останува лидер во развојот на „зелени“ решенија за иднината.