Салонот за автомобили во Женева ги отвори портите

По речиси петгодишна пауза предизвикана од проблемите во индустријата за време на пандемијата „Ковид-19“, Меѓународниот автомобилски саем во Женева повторно ги отвори вратите…

Меѓу европските производители на автомобили кои се присутни на саемот, присутен е и Renault, кој вчера ја доби и наградата за автомобил на годината за своето електрично возило Scenic.

Renault (во кој е вклучен и Dacia) е и единствениот европски производител на автомобили присутен на овогодинешната изложба, бидејќи автомобилските гиганти Volkswagen и Stellantis одлучија да не учествуваат на саемот.

Од друга страна, на саемот се присутни голем број кинески производители на автомобили, кои се обидуваат да им земат најголеми можни пазарни удели на своите европски конкуренти.

„Нивното силно присуство покажува дека се заинтересирани за европскиот пазар и нашите клиенти“, изјави извршниот директор на Ренаулт, Лука де Мео (Luca de Meo), за Reuters.

Renault во Женева ја претстави и електричната верзија на моделот R5. Ова се смета за централен дел од напорите на Renault да произведе подостапни електрични возила, бидејќи неговата почетна цена се очекува да биде околу 25.000 евра.

Саемот за автомобили во Женева последен пат се одржа во 2019 година, но оттогаш организаторите неколкупати го откажуваа поради последиците од епидемијата на Ковид-19.





НАЈНОВИ