IM L6

Кинескиот IM Motors на салонот во Женева го прикажува новиот седан L6…

IM (Intelligent Mobility) е основана на крајот на 2020 година како резултат на соработката помеѓу компаниите SAIC, гигантот за е-трговија Alibaba и Zhangjiang Hi-Tech. А, на крајот на 2021 година ги испорача првите примероци од својата лимузина L7.

Моделот L6 треба да пристигне на европскиот пазар следната година, со најава дека ќе овозможи возбудливо возачко искуство. Моделите IM ќе бидат дефинирани со јасна посветеност на употребата на напредна технологија во помошта и контролите при возењето, интелигентни и поврзани услуги на клиентите, како и водечки EV погонски единици.

Засега е најавено дека топ верзијата ќе има автономија од 800 km, како и дека забрзувањето до 100 km/h ќе биде пократко од три секунди.

Исто така, ќе биде достапна и поприфатлива верзија со досег од околу 600 километри.

Поточно, ќе има варијанти со еден и два електромотори, како и со заден и погон на четири тркала.

Конечно, димензиите: автомобилот е долг 4931 mm, широк 1960 mm, висок 1474 mm и има меѓуоскино растојание од 2950 mm.





НАЈНОВИ