На 9 март, RM Sotheby’s ќе го понуди на продажба Rolls-Royce Silver Spectre Shooting Brake, направен во 2020 година како плод на соработката помеѓу белгискиот Carat Duchatelet и холандската фирма Niels van Roij Design…
Основата претставувала примерок на моделот Rolls-Royce Wraith, кој доби продолжен заден дел и зголемен багажен простор, додека 6,6-литарскиот V12 мотор беше засилен на 515 kW/700 КС и 900 Nm.
Иако на почетокот било планирано да се направат вкупно седум такви возила, на крајот сето тоа заврши на само овој еден и единствен примерок.
Како и да е, автомобилот има поминато 17.965 километри и се очекува да се продаде на 9 март за околу 300.000 евра.